Monday, December 8, 2025

ЈАС ВО СЕБЕ СИ



Те чувам во себе
Како светилник
Како нешто свето
Отелотворено
Како дома
На која и се враќам.
И самата помисла на тебе
Пополнува некои празнини во мене
Ги поправа грешките и ги залечува раните.
И јас подобра станувам.
Дел по дел
Се менувам.
Твојот ореол
Може да издржи 1000 неускладени души
И да ги пренесе преку мракот
Како зракот светлината
Лесно, внимателно, смирено и брзо
Без да знаат за тоа
На тебе тоа не ти е битно.
Во сонот ме бакнуваш силно и страсно
А јас не знам која среќа ме снашла
Од каде толкава среќа за мене?
Ми доаѓа да се запрашам.
Ме прегрнуваш .
И како целата вселена да ме прегрнува
Се губам во тебе
А како да сум се нашла
Бидејќи сум дел од тебе.
И ти си дел од мене.
Сега се ми е јасно.
Сфакам, тоа јас сум.
Јас во себе си.


Ли.
canvas: cheryl irwin

No comments:

Post a Comment